За прв пат во единаесетгодишната историја на Effie наградите во Хрватска доделени се наградите по виртуелен пат преку фејсбук страницата на фестивалот Денови на комуникациите.
Гранд При и Златен Effie освои проектот “Остануваме тука каде што сме” на Загребачка пиварница и агенцијата Ovation BBDO, во проектот во кој учествуваа и агенциите Universal McCann и Degordian.
Златен Effie освоија и проектите:
- “Боли ме Пипи” на огласувачот Пипи Пијалоци и агенцијата Imago Ogilvy, а на проектот учествуваше и агенцијата Drap.
- “Unlimited семејство” на Хрватски Телеком и агенцијата Меккен Загреб, а на проектот работеа и Degordian и Pro Media Group.
Сребрените признанија на Effie Croatia 2020 освоија проектите:
- “Домашни интернет” на Tele2 и агенцијата Imago Ogilvy, на кој работеа и Media Polis, iProspect, Riba ribi grize rep и Drap.
- “Враќањето на клиентите” на компанијата Ерсте Банка и агенциите Utorak и BBDO Zagreb, во соработка со агенциите 404 и MediaCom Zagreb.
Бронзени признанија освоија проектите:
- “Прилика живота” на клиентот Искон изработен од агенцијата Сењор (Señor) во кој соработуваа и Pro Media Group и 404
- “Само опуштено” на огласувачот Јамница Плус и агенцијата PINK MOON во соработка со агенцијата Pro Media Group.
- “Велики Хрватски Наивци” на Carnet и агенцијата Señor, на која подршка дадоа и Ведран Клеменс, Марин Балаиќ и Дубравко Робиќ.
- “Жуја за тате 2” на Загребачка пиварница и агенцијата BBDO Zagreb во соработка со Universal Media и Degordian..
Effie, како централна маркетинг-бизнис иницијатива во Хрватска и светот, ја истакнува поврзаноста помеѓу маркетинг активностите и деловните резултати.
Со честитките за наградите, организаторите истовремено го афирмираа и повикот за продолжување на сите комерцијални активности во согласност со препораките од Комитетот за цивилна заштита, со акцент на идеите кои делуваат, бидејќи токму тие можат да направат промена и следната година да засјаат на тронот на Effie.