На свечена церемонија која се оддржа во фоајето на Македонската Опера и Балет, синоќа во Скопје се оддржа завршниот дел во годинешниот избор на најдобрите македонски веб сајтови за 2014 година во повеќе категории.
Наградата за веб сајт на годината им припадна на Off.net.mk а наградата за најпопуларен веб сајт во изборот на публиката, трета година со ред ја добива порталот Fakulteti.mk.
Останати овогодинешни победници по категории се следниве:
Најдобар дизајн: Kajgana.mk
Најинформативен сајт: Time.mk
Најдобар забавен сајт: Panika.be
Најдобар спортски сајт: Derbi.mk
Најдобра Facebook фан страна: Мајка ти и татко ти;
Најдобар блог: Okno.mk
Најдобар мобилен сајт: Grouper.mk
Најдобар корпоративен сајт: T-mobile.mk
Најдобар сајт за бизнис информации: Vrabotuvanje.com.mk
Најдобар сајт за е-трговија: Grouper.mk
Најдобар сајт за образование, наука и култура: Fakulteti.mk
Најдобар сајт на невладина организација: Borka.org.mk;
Најдобар владин сајт: Агенција за вработување на Македонија;
Најдобар финансиски сајт: kb.com.mk;
Туризам и угостителство: Radika.com.mk;
Најдобар ИТ сајт: It.com.mk
Најдобар сајт за автомобилизам: Porsche.com.mk;
Мода и убавина: Femina.mk
Храна и здравје: doktori.mk.
Организатори на манифестацијата се агенцијата Media Solutions и системот за online реклами keep an eye, под покровителство на Претседателот на Р.М., г-дин Ѓорѓе Иванов, ИАБ Македонија, Град Скопје и Министерството за информатичко општество и администрација.
Маркетинг365 им честита на сите добитници и им посакува уште поуспешна работа во иднина, уште повеќе читатели, квалитетни статии и повеќе банери :)