Home » Во фокусот » Прогласени најдобрите веб сајтови во Македонија за 2014 година

Прогласени најдобрите веб сајтови во Македонија за 2014 година

На свечена церемонија која се оддржа во фоајето на Македонската Опера и Балет, синоќа во Скопје се оддржа завршниот дел во годинешниот избор на најдобрите македонски веб сајтови за 2014 година во повеќе категории.

Наградата за веб сајт на годината им припадна на Off.net.mk а наградата за најпопуларен веб сајт во изборот на публиката, трета година со ред ја добива порталот Fakulteti.mk.

Останати овогодинешни победници по категории се следниве:

Најдобар дизајн: Kajgana.mk
Најинформативен сајт: Time.mk
Најдобар забавен сајт: Panika.be
Најдобар спортски сајт: Derbi.mk
Најдобра Facebook фан страна: Мајка ти и татко ти;
Најдобар блог: Okno.mk
Најдобар мобилен сајт: Grouper.mk
Најдобар корпоративен сајт: T-mobile.mk
Најдобар сајт за бизнис информации: Vrabotuvanje.com.mk
Најдобар сајт за е-трговија: Grouper.mk
Најдобар сајт за образование, наука и култура: Fakulteti.mk
Најдобар сајт на невладина организација: Borka.org.mk;
Најдобар владин сајт: Агенција за вработување на Македонија;
Најдобар финансиски сајт: kb.com.mk;
Туризам и угостителство: Radika.com.mk;
Најдобар ИТ сајт: It.com.mk
Најдобар сајт за автомобилизам: Porsche.com.mk;
Мода и убавина: Femina.mk
Храна и здравје: doktori.mk.

Организатори на манифестацијата се агенцијата Media Solutions и системот за online реклами keep an eye, под покровителство на Претседателот на Р.М., г-дин Ѓорѓе Иванов, ИАБ Македонија, Град Скопје и Министерството за информатичко општество и администрација.

Маркетинг365 им честита на сите добитници и им посакува уште поуспешна работа во иднина, уште повеќе читатели, квалитетни статии и повеќе банери :)

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365