Home » Во фокусот » Прогласени победниците на 25-то издание на Golden Drum

Прогласени победниците на 25-то издание на Golden Drum

Жиријата за категориите WHAT и WHY на креативниот фестивал Golden Drum ги прогласија победниците за овогодинешното јубилејно 25-издание на фестивалот, на официјалната наградна церемонија која се одржа синоќа во Порторож, Словенија. Како најдобра кампања во категоријата WHAT беше прогласена „Bihor Couture“ на McCann Bucharest во поткатегоријата „F. Reach“, додека пак „Finding Fariña“ на DDB Spain беше прогласена за најдобра кампања во категоријата WHY, односно поткатегорија „W. Innovative“. Агенцијата 180heartbeats + JvM од Варшава ја доби наградата „The best of good“ за кампањата „Unbreakable Rainbow од поткатегоријата „Z. Social good“. Вкупно 26 златни, 50 сребрени и 12 Grand Prix награди беа доделени за кампањите пријавени на овогодинешниот Golden Drum.

Со 175 поени, McCann Worldgroup ја доби наградата Golden Net за најуспешна агенциска мрежа. Наградата Golden Rose, која се доделува за најуспешна агенција, му припадна на McCann Bucharest, која „собра“ 91 поен. Агенцијата 180heartbeats + JvM од Врашава, со вкупно 43 поени, ја доби наградата Golden Dragon за најуспешна независна агенција. Брендот Diesel, со 89 поени, ја доби наградата Brand Grand Prix.

McCann Worldgroup, добитници на наградата „Golden Net“ за најдобра агенциска мрежа

McCann Bucharest, добитници на наградата „Golden Rose“ за најуспешна агенција

Агенцијата 180heartbeats + JvM со наградата „Golden Dragon“ за најдобра независна агенција

Во категоријата на специјални награди, златната награда за Јадранскиот Регион му припадна на агенциите McCann Beograd и McCann Podgorica за кампањата #Unwanted, сребрената награда ја доби агенцијата New Moment New Ideas Company Belgrade за кампањта One Poster For Peace, одека пак бронзената награда му беше доделена на агенцијата Publicis Belgrade за кампањата #check it“.

Адријан Ботан, глобален извршен креативен директор во McCann Worldgroup и претседател на Европскиот совет за креативно лидерство, и Каталин Добре, генерален креативен директор на  McCann Worldgroup Romania и регионален креативен директорна McCann CEE, ја добија наградата Golden Watch за кампањата „Bihor Couture“.

Адријан Ботан и Каталин Добре, добитници на наградата „Golden Watch“

Победници во натпреварувањето „Young Drummers“ се Даниел Шаш и Сандор Шабо со креативното решение „The secret treasure of Istria“. Второто место му припадна на Игор Погоревици за креативното дело „Musical Landscape“, додека пак на третото место се најдоа Кристина Симеонова и Маја Златкова со „Hear Tartini in every step“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365