(РЕГИОН) – Во рамки на манифестацијата Денови на комуникациите, централниот хрватски национален фестивал за огласување, која изминатава недела се одржуваше во Ровињ, доделени се престижните Effie награди за најуспешните огласувачки кампањи за кои оваа година конкурираа рекордни 53 проекти.
Grand Prix и златна награда освоија Franck, Imago reklamna agencija како примарна агенција и медиската агенција Unex Media за кампањата ‘CROmpiri’. Со злато се наградни и кампањите ‘Dosli smo ostavitei trag’, на Загрегска пивара, примарна агенција BBDO Zagreb и медиската агенција Universal McCann и кампањата ‘Tajna nestalih čarapa‘ на компанијата Saponia направена во соработка со Imago рекламна агенција и агенцијата 1i0.
Најуспешна агенција на овогодинешниот Effie натпревар по освоени награди е Imago reklamna agencija со освоен Grand Prix, две златни и една сребрена награда, потоа следи агенцијата BBDO Zagreb со по едно злато и сребро, McCann Erickson со освоено сребро и бронза, Bruketa&Žinić OM со две бронзи и агенцијата OMD media и Brlog со една бронзена награда.
За победниците на натпреварувањето Croatia Effie 2015 и најефикасните маркетиншки кампањи одлучуваше стручно жири составено од најискусните маркетинг експери во Хрватска – претставници на огласувачи, кретивни и медиски агенции, медиски куќи и агенции за истражување на пазарот на чело со Дарио Врабец од Ledo.
Хрватското издание на натпреварот Effie е во организација на HURA (Хрватско здружение на друштвата за пазарно комуницирање) под лиценца на организацијата Effie Worldwide. Effie наградите се доделуваат од 1968 година на светско и европско рамниште (Global Effie и Euro Effie), и на национални натпревари во преку 40 земји ширум светот, на кои во 2009 година им се придружи и Хрватска. Со повеќе од 40 години постоење, Effie наградите станаа меѓународен симбол на маркетиншка успешност.
Во продолжение следува попис на сите наградувани проекти:
Grand Prix Effie награда:
- “CROmpiri”Franck, примарна агенција Imago reklamna agencija, медиска агенција Unex Media
Златна Effie награда:
- “Došli smo ostaviti trag”, Загребска пивара, примарна агенција BBDO Zagreb, медиска агенција Universal McCann, агенциски соработник Degordian
- “CROmpiri”Franck, примарна агенција Imago reklamna agencija, медиска егенција Unex Media
- “Tajna nestalih čarapa”, Saponia, примарна агенција Imago reklamna agencija и 1i0
Сребрена Effie награда:
- “Nadimci” Ožujsko pivo, Загребска пивара, примарна агенција BBDO Zagreb и медиска агенција Universal McCann
- “Oslobodite svoju kreativnost” Franck Café Cappuccino, Franck, примарна агенција McCann Erickson и Fahrenheit, медиска агенција Unex Media, агенција соработник 404
- “Suglasni(k) za život”, Hrvatska udruga Transplant, примарна агенција Imago reklamna agencija, агенциски соработник DRAP
Бронзена Effie награда:
- “Vremenski trezor”, Zagrebačka banka, примарна агенција Bruketa&Žinić OM, медиска агенција MediaCom Central Europe Zagreb, агенциски соработник Degordian
- “Srce vašeg jela”, Podravka, Bruketa&Žinić OM, медиска агенција Unex Media
- “Polarni medo” bonbon, Hrvatski Telekom, примарна агенција McCann Erickson, медиска агенција DMS
- “Izgubljena stranica”, Hrvatska gorska služba za spašavanje, примарна агенција Brlog
- “Twingospođice” Renault Twingo, Renault Nissan Hrvatska, примарна агенција OMD Media, медиска агенција OMD, агенции соработници Publicis MMS Marketinške komunikacije и Publicis