Home » Во фокусот » Прогласени победниците на Epica Awards 2018

Прогласени победниците на Epica Awards 2018

На синоќешната наградна церемонија во Амстердам, Холандија, беа прогласени овогодишните победници на Epica Awards, единствениот меѓународен креативен фестивал во кој главниот збор го имаат новинарите од специјализираните медиуми за маркетинг, дизајн и адвертајзинг.

За најдобра агенција на годината беше прогласена Forsman & Bodenfors, а за најдобра агенциска мрежа – McCann Worldgroup. Наградата за најдобра продукциска компанија беше доделена на Blur Films.

Grand Prix во категоријата “Responsibility” освои кампањата “Price On Our Lives” на агенцијата McCann NewYork за March For Our Lives. Во категоријата “Alternative”, Grand Prix наградата ја понесе кампањата “Go With the Fake” на агенцијата Publicis Italy и брендот Diesel. Најпрестижната награда во категоријата “Design” беше доделена за кампањата “LA Original” на 72andSunny за Mayor’s Fund for Los Angeles. Во категоријата “Digital”, Grand Prix освои кампањата “JFK Unsilenced” на агенциите Rothco и Accenture Interactive за The Times News UK & Ireland. Grand Prix во категоријата “Print” освои кампањата “Highlight the Remarkable” на DDB Group Germany за брендот Stabilo, а победник во категоријата “Film” беше Shiseido со “The Party Bus”.

Сумирајќи ги впечатоците, претседателот на жирито Тони Чејмберс, поранешен главен уредник и креативен директор на магазинот Wallpaper, кој неодамна основаше и своја консултантска агенција TC&Friends, изјави: „Бев вчудоневиден од генералниот квалитет на пријавените креативни дела, како и од нивната иновативност и интелигенција. Имаше силна конкуренција во сите категории и беше тешко да се избере самое еден победник.“

За овогодинешното издание на Epica Awards биле пријавени вкупно 4,020 креативни дела од 69 држави, што е за 20% повеќе од минатата година. Најголемиот број на кампањи биле пријавени од Германија, САД и Франција, додека пак за прв пат конкурирале и агенции од Иран и Мароко. Во однос на агенциски мрежи, најмногу пријавени кампањи пристигнале од BBDO и McCann Worldgroup. Франција беше најуспешната држава на овогодишното издание, со вкупно освоени 53 награди, од кои 12 златни.

Целосната листа на наградени можете да ја погледнете на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365