Home » Во фокусот » Прогласени победниците на натпреварот Young Lions Croatia

Прогласени победниците на натпреварот Young Lions Croatia

(РЕГИОН) – Во рамки на Деновите на комуникациите 2016 кои се одржаа во Ровињ, саботата беа прогласени победниците на Young Lions Croatia натпреварот за млади креативци, кој по прв пат се одржа во Хрватска во соработка со UNICEF и под покровителство на Erste Banka. Натпреварувачите имаа задача да осмислат кампања за програмата на UNICEF за поддршка на претшколското воспитување и образованието во Хрватска, а престижната Grand Prix награда и патување на фестивалот CannesLions 2016 освоија Теа Силвија Влаховиќ и Сања Планиниќ од агенцијата Bruketa & Žinić OM за кампањата “Rana ptičica”.

Теа Силвија Влаховиќ и Сања Планиниќ - добитници на Grand Prix на Young Lions Croatia 2016

Теа Силвија Влаховиќ и Сања Планиниќ – добитници на Grand Prix на Young Lions Croatia 2016

На натпреварувањето учествуваа 18 тимови, кои во рок од само 24 часа во категориите print, cyber, design, односно во рок од 48 часа за категоријата film, имаа можност да ја докажат својата креативност, вештини и знаење и да се докажат на национално и потенцијално на светско ниво.

Освем што е возбудливо натпреварување за младите креативци, Young Lions Croatia воедно е и хуманитарна акција бидејќи сите произведени материјали се даваат на користење на UNICEF без надокнада. Натпреварувачката задача се однесуваше на програмата на UNICEF за поддршка на претшколското воспитување и образование во Хрватска, која има за цел да зголеми достапноста на квалитетни услуги во градинките за сите деца во Хрватска и да овозможи еднакви можности за маргинализираните групи на деца за упис во квалитетни програми за претшколско воспитување и образование.

Марин Илеј, соработник за комуникации во UNICEF по оваа пригода изјави: “Вложувањето во раниот развој на децата е најисплатлива инвестиција и темел за напредокот на опшеството. За да напредуваме, нужно е да осигураме квалитетно предшколско образование токму за децата на кои тоа им е најмалку достапно, деца кои живеат на маргините на опшеството. Добрата комуникација е клучна за создавање на позитивна атмосфера за промени и затоа од се’ срце им благодарам на овие млади талентирани луѓе кои ги вложија своите идеи и вештини како заедно би помогнале во овозможувањето на рамноправни стартни позиции за најранливите деца во Хрватска.”

Во изборот на добитниците на Grand Prix наградата учествуваше и Нина Пантек од Erste Banka, која изјави: “Вечерва сме сведоци на креативноста, страста и големата енергија на младите професионалци од маркетиншката индустрија чии кампањи не’ воодушевија. Пред тимовите беше поставена задача со ограничен временски рок за да го покажат својот максимум и тие успеаја во тоа. Erste Banka ги поддршува младите таленти од креативната индустрија и многу сме горди што сме дел од овој проект. На победниците им посакуваме многу успех на глобалното натпреварување и во нивните идни проекти.”

Young Lions Croatia натпреварувањето е дел од глобалното натпреварување Cannes Young Lions. Победниците од хрватскиот натпревар влегуваат во избор за глобалното натпреварување каде ќе ги одмерат силите со своите колеги од целиот свет. Натпреварот Cannes Young Lions ќе се одржи во јуни 2016.

Листа на првопласираните тимови по категории:

Категорија Print – Далија Чучија Перез и Рона Жуљ, агенција I to nije sve! – кампања: Brojalica

Категорија Cyber – Теа Силвија Влаховиќ и Сања Планиниќ, агенција Bruketa & Žinić OM – кампања: Rana ptičica

Категорија Design – Сандра Мрксиќ и Камелија Геровац, агенција McCann/Fahrenheit – кампања: Potakni me da rastem

Категорија Film – Томислав Шестак и Иван Павичиќ – Bruketa & Žinić OM – кампања: Povezani u razvoju

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365