Порталот Маркетинг мрежа на 29 и 30 октомври во Мадленианум опера и театар во Белград го организира петтиот по ред, јубилеен фестивал на интегрирани комуникации КAКTUS 2019. Под слоганот „Make room for a new BLOOM“, оваа година акцентот на фестивалот е на талентите, но и иновациите, затоа што различниот пристап во рекламната индустрија отвора нови агли и раѓа нови идеи.
Како и минатата година, KAKTUS 2019 ќе им понуди на учесниците квалитетна и разновидна програма од различни области на интегрирани комуникации, а за време на двата дена на траење на фестивалот, Белград ќе биде домаќин на врвни експерти од целиот свет. Оваа година фестивалот ќе биде поделен на Ден на иновации и Ден на таленти.
Покрај вообичаено квалитетната програма, во текот на првиот ден од фестивалот KAKTUS 2019 – Ден на иновации, Мркетинг мрежа ќе организира програма за менторство и едукација за стартапи од регионот на Југоисточна Европа. Програмата ќе вклучува стартапи од Martech (маркетинг, огласување, социјални мрежи, комуникации, IoT, содржина, аналитика, податоци, машинско учење, вештачка интелигенција…), Gaming и FinTech (блокчеин) индустрии, во сите фази на развој (Alpha, Beta, Growth).
Едукацијата и менторските сесии за стартапи ќе вклучуваат теми од различни области на бизнис, маркетинг, комуникации, дигитал и медиумите, а ќе ги водат признати експерти во овие области од Србија, регионот и Европа. Едукацијата и менторските сесии за сите заинтересирани стартапи се бесплатни, а пријавите се отворени до 20-ти септември. Формуларот за аплицирање е достапен на: https://kaktus.rs/dan-inovacija/
Исто така, во рамките на Денот на иновации на фестивалот KAKTUS 2019, ќе биде одржано финалето на MarTech Challenge 2019 за стартапи во областа на маркетингот, кое го организира DIRECT MEDIA United Solutions.
Во рамките на вториот ден од фестивалот KAKTUS 2019 – Ден на таленти, покрај предавања и работилници на врвни експерти од целиот свет и традиционалното доделување на KAKTUS наградите за најдобрите во професијата, Mаркетинг мрежа ќе организира натпревар за млади таленти од агенции на возраст до 32 години. Целта на овој натпревар е да ги поттикне и мотивира младите луѓе во креативната индустрија, но и да и` укаже на стручната јавност на нивните таленти и креативност.
“Пазарот на маркетинг комуникациите во Србија веќе петта година има свој национален фестивал, во рамките на кој се слават само најквалитетните идеи, оние кои ги поместуваат границите на професијата и се стремат кон подобра иднина. Оваа година продолжуваме со уште поквалитетна програма, нови искуства и нагласување на идеи кои опстануваат. Покрај тоа, оваа година ги отвораме вратите на фестивалот за стартапи и млади таленти, кои ќе му дадат посебна свежина на јубилејниот, петти по ред фестивал KAKTUS. Очекуваме многу добри кампањи кои ќе конкурираат за традиционалните награди KAKTUS, а кои ќе укажат на трендовите на развој, но и на предизвиците кои ја одредуваат иднината на креативните индустрии во Србија”, рече Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Маркетинг мрежа, кој е организатор на фестивалот KAKTUS 2019.
Конкурсот за 5-тото национално доделување на наградите KAKTUS 2019 е отворен до 20 септември. Наградите се доделуваат во 23 категории, a ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетните и најпрофесионални поединечни и интегрирани кампањи во изминатата година. Главните награди на фестивалот се, како и досега, Агенција на годината, Огласувач на годината и Интегрирана кампања на годината – Гранд При. Како и претходните години, KAKTUS 2019 ги слави само оние идеи кои излегуваат од границите на очигледното кои, и покрај тешките услови, инспирираат и произведуваат најефикасна комуникација со целните групи.
Повеќе информации за фестивалот можете да пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.