Ако досега кога зборувавме за програмирано купување (Programmatic buying) воглавно мислевме на online закуп, многу веројатно е таа перцепција да биде променета кога наскоро новите софтверски решенија ќе ги вклучат видео содржините на “големиот екран“.
Автоматизираното купување во online светот се покажува како особено ефикасен начин да се добијат одлични резултати на повеќе квантитативни параметри, па не е за чудење што веќе некое време се прават повеќе обиди сето ова да преслика со автоматизирани методи на купување ТВ-реклами.
Неодамна во САД, компанијата TubeMogul го презентираше своето софтверско решение (прво од таков вид) кое овозможува сеопфатен процес на планирање и купување ТВ реклами, на начин кој ќе овозможи високо екстензивно ниво на таргетирање на целната публика по повеќе параметри.
Изминатиов викенд имав можност да го прелистам нивниот White Paper наменет за адвертајзери во кој тие опишуваат како ја “планираат“ “програмираната иднина“. Истиот можете да го симнете тука.
Како практично функционира нивниот софтвер можете да погледнете од видеото во продолжение:
(користете го овој ЛИНК доколку имате послаб интернет и проблем со гледањето на видеото)