Во пријатна атмосфера со совршен поглед на Белград, винаријата Тиквеш приреди специјално дружење на кое присуствуваа голем број на гости од општествениот и бизнис живот на Србија.
Тема и повод на вечерта беше “La vie en rose“, односно промоција на виното Alexandrija Cuvee – Rose , кое се истакнува со својата уникатност потврдена од многуте љубители на вино од целиот регион.
Многубројните познати личности како Иван Бекјарев, Кики Лесандриќ, Драгољуб Мичка Ѓуриќ, Жељко Самарџиќ, Сузана Манчиќ, но и гости од деловниот и медиумскиот свет имаа можност да ги испробаат нијансите на виното кое зрачи со сензуалност и автентичност а истовремено имаа прилика и да го погледнат новиот промотивен спот на винаријата Тиквеш.