Ланецот за брза храна Burger King неодамна постираше „чуден“ твит, поврзан со својот најголем конкурент McDonald’s, кој гласеше „brb going to McDonald’s“ („Се враќам веднаш, одам до McDonald’s“) и нормално, фановите и јавноста беа целосно збунети, поставувајќи прашања дали се работи за грешка или профилот бил хакиран.
Еден час подоцна, Burger King објави и видео кое прикажува како луѓе одат во McDonald’s за да нарачаат Whooper, основниот сендвич на Burger King, по што од таму ги упатуваат назад во Burger King.
Веќе стана очигледно дека Burger King го „трола“ својот конкурент.
introducing the #WhopperDetour. order a Whopper for a penny only “at” McDonald’s with the BK app. yes, you read that right. drive near a McDonald’s and use the BK app. no need to go to their drive-thru. get yours before December 12th. see details: https://t.co/qvUSSf4yuQ pic.twitter.com/Tya17Xo7J3
— Burger King (@BurgerKing) December 4, 2018
Видеото беше проследено со соопштение кое целосно ја објасни ситуацијата: нова промотивна акција на брендот до 12 декември во која може да се нарача сендвич Whooper за само 1 цент, но само преку мобилната апликација на Burger King, и тоа во близина од 60о стапки (околу 200 метри) до локал на McDonald’s. Сендвичот потоа може да се подигне од најблискиот Burger King.
how do you order a Whopper sandwich for a penny “at” McDonald’s? here’s how. #WhopperDetour https://t.co/lAgbGO0bL0 pic.twitter.com/ANXIy6Yu9I
— Burger King (@BurgerKing) December 4, 2018