Home » Во фокусот » Промотивна акција на Burger King: Нарачајте Whooper за само 1 цент во McDonald’s?!

Промотивна акција на Burger King: Нарачајте Whooper за само 1 цент во McDonald’s?!

Ланецот за брза храна Burger King неодамна постираше „чуден“ твит, поврзан со својот најголем конкурент McDonald’s, кој гласеше „brb going to McDonald’s“ („Се враќам веднаш, одам до McDonald’s“) и нормално, фановите и јавноста беа целосно збунети, поставувајќи прашања дали се работи за грешка или профилот бил хакиран.

Еден час подоцна, Burger King објави и видео кое прикажува како луѓе одат во McDonald’s за да нарачаат Whooper, основниот сендвич на Burger King, по што од таму ги упатуваат назад во Burger King.

Веќе стана очигледно дека Burger King го „трола“ својот конкурент.

Видеото беше проследено со соопштение кое целосно ја објасни ситуацијата: нова промотивна акција на брендот до 12 декември во која може да се нарача сендвич Whooper за само 1 цент, но само преку мобилната апликација на Burger King, и тоа во близина од 60о стапки (околу 200 метри) до локал на McDonald’s. Сендвичот потоа може да се подигне од најблискиот Burger King.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365