Во текот на вчерашниот ден беше промовиран новиот рекламен спот за Despina, официјалнен бисквит на женскиот ракометен клуб „Вардар”.
Во пресрет на четвртфиналето од Лигата на шампиони во ракомет за жени, во фан-шопот на „Вардар”, дел од ракометарките на клубот продаваа билети за натпреварот со „Ѓер”. Сите оние кои купија карти за натпреварот, добија гратис производи Cevitana и Despina од „Витаминка”, како и 30% попуст на новата колекција на спортски производи во фан-шопот.
На настанот беше ексклузивно промовиран и новиот рекламен спот за Despina, официјалнен бисквит на ЖРК „Вардар”. Спотот ја пренесува пораката на ракометарките дека бисквитите Despina се заслужни за одржувањето на енергијата и виталноста во текот на напорните тренинзи. Спотот се снимаше во спортскиот центар „Јане Сандански” и во него учествуваа сите ракометарки од клубот.
Погледнете го: