Pop-up огласите обично не се користат како материјал за музички спотови, но агенцијата Wieden + Kennedy многу паметно го искористи овај омразен формат во интерактивно музичко видео за бендот од Алјаска, Portugal. The Man.
Спотот е направен за песната „Rich Friends“, а во него се појавува Glenn Howerton ѕвездата од серијата „It’s Always Sunny in Philadelphia“. Во видеото се користени лажни pop-up огласи, со цел да се раскаже приказна за еден романтичен пар чија љубовна врска, иако наизглед совршена од надвор, всушност е жив пекол.
Подолу можете да ја погледнете YouTube верзијата на спотот, но за потполно интерактивно искуство одете на chardonnayandadderall.com.
До идејата на овај духовит спот дојдоа креативните директори на Wieden + Kennedy, Max Stinson и Erik Fahrenkopf.
„Ќе беше забавно да ги прекинуваме омилените серии на луѓето со нашите реклами, но сметавме дека мора да постојат и други облици на уметност кои би можеле да ги упропастиме со огласи“, изјавија тие шеговито во своето соопштение.
„Кај музичкиот спот е важна само една работа: да се направи нешто што луѓето навистина сакаат да го гледаат. Како што огласувачките агенции се сопнуваат во потрагата по нови начини на работа, ова видео е освежувачки потсетник дека секогаш публиката треба да се има во предвид,“ додаде Jason Kreher, креативен директор на агенцијата Wieden + Kennedy.