На 20 јануари 2025 година, седумкратниот светски шампион во Формула 1 пристигна во Маранело, означувајќи го почетокот на неговиот мандат со Скудерија Ферари. Преминувањето на Луис Хамилтон во култниот италијански тим е еден од најзначајните потези во поновата историја на Формула 1.
Првиот ден на Хамилтон во Ферари вклучуваше серија активности, вклучувајќи обиколка на најсовремените капацитети на тимот и средби со личности на водечки функции во компанијата како што се извршниот директор Бенедето Виња и предводникот на Ф1 тимот, Фред Васер.
Во симболичен гест, Хамилотон позираше пред старата резиденција на основачот Енцо Ферари, стоејќи покрај класичен Ферари Ф40, нагласувајќи ја неговата поврзаност со длабокото наследство на тимот.
New era @ScuderiaFerrari pic.twitter.com/EVUjKNC3MO
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) January 20, 2025
Посетата вклучувала и технички брифинзи кои имале за цел да го запознаат Хамилтон со операциите на Ферари, подготвувајќи го за сезоната што следи.
Неговото прво возење ќе се случи на патеката Фиорано, приватната тест патека на тимот, каде што треба да го испроба болидот од претходната генерација на Ферари. Сесијата има за цел да го запознае Хамилтон со оперативната динамика на болидот пред официјалните предсезонски тестирања во Бахреин, закажани од 26 до 28 февруари 2025 година.
Придружувањето на Хамилтон кон тимот на Ферари следи по доминантниот 12-годишен период во Мерцедес, каде што освои шест од неговите седум светски титули.