Во петок на 4 септември на охридската плажа Лагадин ќе се одржи првиот македонски летен Startup Festival. Фестивалот претставува еднодневен настан кој ќе се одржува под мотото: “Startups from dusk till dawn”, под капата на организаторите на Стартап Викенд Скопје, Startup Grind Skopje,Силикон Дринкабоут Скопје и Coffice.
“Овој настан ветува забава и дружење, интересна и корисна презентација од страна на основачот на македонскиот стартап WeLrn, ПетарНиновски, кој е меѓу првите стартапи кои успешно затвори инвестиција со македонските бизнис ангели, можност за вмрежување и запознавање со други македонски стартапи и стартап ентузијасти, инвеститори, ментори и сл.“, велат организаторите.
Настанот започнува во 20ч. и ќе трае до ранните утрински часови, збогатен со забава, убава музика и прекрасно друштво во стартапски стил.
Детали во врска со настанот може да се добијат на веб страницата: http://www.startupfestival.foundedin.mk/