Home » Во фокусот » Прва кампања на Kia како партнер на УЕФА

Прва кампања на Kia како партнер на УЕФА

Автомобилскиот бренд Kia Motors се здружи со агенцијата Love + Money, продукциската компанија Reelbase / Itchy & Scratch Pictures и компанијата за продукциски услуги Flatpack Films за да ја создаде својата прва кампања како официјален партнер на фудбалското натпреварување Европа Лига на УЕФА. Според договорот, Kia ќе биде спонзор на УЕФА во следните три години.

Високооктанската кампања е израз на почит кон легиите фудбалски фанови ширум Европа. Таа го насочува вниманието кон нивната непоколеблива посветеност, без разлика кој тим го поддржуваат. Почетокот на рекламата го покажува ритуалистичкиот однос на фановите, млади и стари, кон подготовките за важните натпревари. Татнежот на публиката е во контраст со пригушената тишина на теренот, а кулминацијата се достигнува кога градските плоштади и улици ќе се преполнат со навивачи. Спотот завршува со соопштување на мисијата на Kia како официјален партнер на УЕФА да ги поттикнува и поддржува навивачите.

Едноминутната реклама е целосно снимена во Будимпешта, врз основа на логистичката поддршка на локалната компанија за продукциски услуги Flatpack Films. Во овој спот, Flatpack Films ја повтори соработката со продукциската компанија Reelbase / Itchy & Scratch Pictures, со која и претходно има работено на кампањи за Kia, како и за Samsonite и Canon.

Credits:
Advertiser: Kia Motors
Agency: Love + Money
Production Company: Reel Base / Itchy & Scratch Pictures Australia
Executive Producer: Kris Kim
Director: HanGi Ko
DoP: HanVit Kang
Production Service Company: Flatpack Films
Executive Producer: Zita Kisgergely

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365