На 28 септември 2024 година, во Скопје ќе се одржи првата работилница за Хаига во Македонија.
Се работи за еднодневна работилница на која учесниците ќе се запознаат со тајните и техниката на изворното хаику и преку контемплација и креативност ќе создадат хаику песна под водство на нашата поетеса Елена Пренџова. Крајната цел е да се создаде ликовно дело по инспирација на напишаната хаику песна. Во делот за сликање со учесниците ќе работи ликовната уметница Лара Ташковска. Ќе има можност да се работи со повеќе видови материјали како туш, акварел, креони, пастели, акрилни и акварелни маркери.
Елена Пренџова е поетеса и слемерка. Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет во Скопје. На книжевната сцена е присутна скоро две децении, како авторка на десетина поетски збирки, од кои четири се наградени со национални награди.
Лара Ташковска е ликовна уметница. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има реализирано повеќе самостојни изложби во Македонија и во странство. Има живеено и работено во САД.
Ден: 28-ми септември 2024
Време: 18-20ч.
Место: Скопје, ул. 11-ти Октомври бр. 19, влез 2, стан 1. Во зградата до Градска болница спроти зелен пазар.
Контакт: 076 530-080