Apple ја дизајнираше првата пловечка продавница
(26.08.2020) – Најновата продажна локација на технолошкиот гигант Apple ќе биде пристаништето во Сингапур и ќе се вика Apple Marina Bay Sands.
Новата продавница ќе биде дел од луксузно одморалиште и хотел со исто име и иако во текот на денот изгледа како обична, сребрена купола, ноќе оваа импресивна градба ќе биде осветлена од илјадници светилки и во различни бои, што се чини дека навистина ќе оживее.
Во текот на денот продавницата ќе ги рефлектира облакодерите и движењето на водата, а ноќе сферичната продавница ќе свети и ќе потсетува на традиционалните ламби кои се носат за време на есенскиот фестивал во Сингапур.
Иако не се знае многу за новата продавница, ова ќе биде 512 продажно место на Apple на глобално ниво и трето во Сингапур. Тие ја отворија својата прва продавница во Сингапур во 2017 година во зградата Најтсбриџ, додека втората продавница е отворена минатата година, со локација на сингапурскиот аеродром Чанги.
Поради COVID-19, новата продавница ќе се придржува кон истите правила за здравје и безбедност како и другите продавници во светот, односно задолжително е носење маска, како и ограничен број на луѓе кои престојуваат во продавницата истовремено.