PwC и Македонска берза се организатори на настанот каде што ќе може претприемачите да добијат информации околу можностите за финансирање на стартапи, а и да чујат искуства од прва рака од македонски стартапи со успешна приказна зад себе.
PwC и Македонска берза организираат стартап конференција Pitch.Match.Grow. што ќе се одржи на 26 и 27 февруари, во хотел Мериот, Скопје. Учесниците ќе може да добијат корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за финансирање на проекти/идеи/стартапи. Кој сака да дознае повеќе за најновите можности за финансирање што ги нудат инвеститорите или да добие инспирација од стартапи што веќе го направиле тој чекор, може да аплицира на следниот линк: https://bit.ly/36Yrxbu
Од страна на стартапите на конференцијата своите искуства ќе ги споделат Notarised; Pixely; Paket.mk; Cognism; H4; Elevate Global, додека од редот на инвеститорите можностите за финансирање ќе ги претстават UKIM Accelerator; SEEU Tech Park, SC Ventures; EBRD; FITR; CEED Macedonia Business Angels Club; SEAVUSи SEAF.
За агендата на конференцијата и повеќе детали за истата може да добиете на следниов линк: https://www.pwc.com/mk/en/news/pitch-match-grow.html