Новооснованата јужнокорејска осигурителна компанија Shinhan Life склучи партнерство со виртуелниот инфлуенсер Oh Rozy за својата прва бренд кампања.
Насловена “Shinhan Life Adds Surprises to Life” („Шинган Лајф додава изненадувања кон животот“), кампањата ќе ги таргетира припадниците на милениумската генерација и генерацијата Z, со цел да го привлече нивниот интерес за финансискиот инвестициски пазар.
Традиционално, финансиските компании во државата продуцираат рафинирани и софистицирани реклами со смирена нарација кои имаат цел да градат кредибилитет. Меѓутоа, Shinhan Life се одлучи за поинаков простап, во надеж дека луѓето во нивните 20-ти и 30-ти години ќе ја ценат индивидуалноста што брендот ја вклучува во една често „досадна“ тема.
Во рекламата, виртуелната инфлуенсерка Рози танцува на музика во различни ситуации, при што музиката и танцувачките потези се специфично избрани после темелна анализа на најпопуларните песни и танцови на социјалната мрежа TikTok.
Со своите преку 40.000 следбеници на Instagram, Ох Рози го ажурира својот профил како кој било човечки инфлуенсер – објавува слики од нејзиниот секојдневен „живот“, стапува во интеракција со своите фановите и одговора на нивните коментари.
Кампањата е создадена со помош на адвертајзинг агенцијата TBWA/Korea.