Суперхеројот Бетмен за првпат беше откриен во стрип уште во 1939 година, кога иако во тоа време децата можеле да го купат само за 10 центи … колекционер платил 850.000 долари за да го има во негова сопственост.
Станува збор за “Детективскиот стрип“ бр.27 во кој за прв пат се појавува Брус Вејн со наметка и костум на лилјак. Според интернет-аукциската куќа ComicConnect, во светот се преостанати уште помалку од 70 копии од овој стрип.
Оваа продажба од 850.000долари е втора највисока продажна цена досега за конкретното издание … и една од најдобрите продажби на стрипови на сите времиња.
Винсент Зурзоло – косопственик на ComicConnect, кој управуваше со продажбата – вели дека стрипот веројатно би постигнал уште повисока цена, доколку бил во подобра состојба, но тој имал само 6 од 10 бодови на скалата за оценување.
Спротивно на тоа, друга копија од истото издание, која била оценета со 8, беше продадена за неверојатни 1.075.500 долари во 2010 година … поставувајќи го рекордот за стрип за Бетмен.
Што се однесува до стриповите и понатаму рекордер во оваа област е Супермен. Примерок од „Акциониот стрип“ бр.1, каде овој суперхерој првпат се појавува во 1938 година, бил продаден за 1,5 милиони долари, што претставува највисока цена на продаден стрип во историјата.