Publicis Groupe го доби договорот на Walmart за медиско планирање и закуп, кој се проценува на вредност од 600 милиони долари.
Со тоа заврши најголемата ревизија на медиски договор во САД за оваа година, во која учествуваа сите најголеми комуникациски холдинг компании во државата. Процесот беше воден од консултантската компанија MediaLink.
Договорот се враќа во рацете на Publicis после четири години, откако во 2017 тој припадна на агенцијата Haworth, дел од групацијата на WPP.
„Ние сме возбудени и почестени што ќе бидеме дел од фамилијата на Walmart. Со нетрпение учекуваме да ја оживееме приказната на Walmart преку извонредност, иновации и пионерски иницијативи,“ истакна Артур Садун, генерален извршен директор и претседател на Publicis Groupe.
Publicis ќе бидат задолжени за медиската стратегија, планирање, закуп и партнерства на корпорацијата Walmart. Притоа, Publicis ќе треба да соработува заедно со другите агенции на Walmart, вклучувајќи ги FCB и Deutsch LA.