Една од најголемите рекламни агенции во светот, Publicis Groupe ја купува американската агенција за дигитален маркетинг Епсилон за 4,4 милијарди долари.
Како што е наведено во соопштението, купувањето веќе е одобрено од одборот и надзорниот одбор на Publicis Groupe, кој смета дека “тоа е голема можност имајќи го во предвид развојот на индустријата”.
Страните се надеваат да ја комплетираат зделката во третиот квартал на 2019 година и ако биде постигнат договор, тогаш договорот ќе биде еден од најголемите во маркетинг индустријата.
Купувањето на Епсилон ќе и овозможи на француската медиумска група да ја зајакне својата позиција на американскиот пазар. Минатата година, компанијата објави 1,9 милијарди долари приход, а најголем дел од овие приходи доаѓаат од САД.