Home » Во фокусот » Publicis Groupe се реструктуира со почетокот на 2016 година

Publicis Groupe се реструктуира со почетокот на 2016 година

Publicis Groupe ќе биде подложена на трансформација, ефективна од 2 јануари, при што моменталните услуги на групацијата ќе бидат поделени во четири посебни единици фокусирани на креатива, медиа, дигитални технологии и здравство, соопшти Претседателот и CEO Маурис Леви.

Промената доаѓа откако Publicis Grupe одлучи да се фокусира на една нова амбиција – “да биде восхитувачка сила за бизнис трансформација водена од алхемијата на креативноста и технологијата”, истакна Леви.

Тој ја соопшти веста преку видео поставено на YouTube (кое можете да го погледнете подолу). Секој од петте сектори ќе биде воден од Chief Client Officer. Четворицата CCO-а ќе поднесуваат извештај до Лаура Десмонд, поранешен CEO на Starcom MediaVest Group, која ќе ја превземе улогата на Group Chief Revenue Officer на Publicis Groupe и претседател на Американскиот комитет, ефективно од наредната година.

Секој од четирите сектори ќе се користи со заеднички алатки, платформи и back-office услуги”, додаде Леви во видеото. “Ова ќе го поедностави нашиот прцес и ќе ги намали нашите трошоци, при што ќе се зголеми нашата конкурентност и профитабилност без да биде компромитирана суштината на нашиот бизнис.

Еве како ќе бидат групирани брендовите на Publicis по реструктуирањето:

  1. Publicis Communications:Артур Садоун ќе биде на чело на Publicis Communications. Во овој сектор ќе бидат вклучени: Publicis Worldwide, MSL, Nurun, Saatchi & Saatchi, Leo Burnett, BBH и Marcel.
  2. Publicis Media:Овој сектор ќе биде воден од Стив Кинг. Starcom Mediavest, ZenithOptimedia, Vivaki, Performics, MRY и Moxie ќе бидат под Кинг.
  3. Publicis.Sapient:Publicis.Sapient, дигиталниот сектор, ќе биде воден од Алан Херик и ги вклучува: Sapient Consulting, SapientNitro, DigitasLBi и Razorfish.
  4. Publicis Healthcare:Ник Колучи ќе биде предводник на здравствениот сектор на Publicis. Овој сектор е нова интегрирана понуда на групацијата.

Според Леви, секој бренд под чадорот на Publicis Groupe ќе продолжи да функционира како посебен субјект, со свој идентитет и бренд име. Меѓутоа, промената е дизајнирана да ја преврти моменталната агенција и холдинг компанијата на глава и да се фокусира на потребите на клиентите.

Клиентите очекуваат повеќе за помалку, што значи повеќе услуги за пониска цена”, рече Леви. “Се одлучивме за нова амбиција, ставајќи го клиентот во јадрото на нашата организација.”

Друг значаен момент од соопштението е претставувањето на Publicis One, кој ќе биде предводен од Јарек Зебински. Според Леви, групацијата генерира скоро 90% од својот приход во само 20 земји. Publicis One е дизајниран да помогне во менаџирањето на операциите надвор од тие 20 земји – на пазарите кои ги генерираат останатите 10% од приходите на компанијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365