Најголемиот производител на пиво во светот AB InBev одлучи да ги додели своите глобални медиски операции на агенциските групации Publicis и Dentsu, како резултат на глобална ревизија на бизнисот.
Најголем победник на ревизијата е групацијата Publicis која ќе биде задолжена за пазарите на Европа и Обединетото Кралство, САД, Мексико, Централна Америка, Јужна Америка и Азија, односно околу 90% од целиот бизнис на AB InBev на глобално ниво.
Со цел ослужување на овој голем клиент, Publicis ќе формира нов оддел специјално посветен на AB InBev, кој ќе се вика ABI One.
Групацијата Dentsu, пак, ќе биде задолжена за медиските операции на AB InBev во Канада и на африканскиот континент.
AB InBev се смета за еден од најголемите огласувачи во светот, кој во 2021 година потрошил повеќе од 5 милијарди долари на огласување. Под капата на AB InBev се наоѓаат пивски брендови како Budweiser, Corona, Stella Artois, Beck’s, Camden итн.