Home » Во фокусот » Publicis Media го освои глобалниот медиски акаунт за фармацевтскиот гигант GSK

Publicis Media го освои глобалниот медиски акаунт за фармацевтскиот гигант GSK

Фармацевтскиот гигант GlaxoSmithKline (GSK) ја избра Publicis Media за своја нова медиска агенција по ревизијата на медиското работење, па оваа група го освои глобалниот акаунт вреден 1,7 милијарди долари, објави Campaign.

Како дел од тоа, агенцијата креираше посебна агенциска единица која ќе го сервисира акаунтот на глобално ниво. Ревизијата спроведена од страна на компанијата ID Comms беше спроведена за помалку од три години откако GSK го додели своето работење во Европа на MediaCom, додека агенцијата PHD работеше на медиумскиот бизнис во САД. Двете агенции го задржаа својот бизнис по глобалната медиска ревизија во 2015 година.

MediaCom исто така ги водеше и офлајн медиумите за регионот на EMEA (Европа, Среден Исток и Африка), додека агенцијата Mindshare, која е сестринска агенција на GroupM управуваше со медиумското работење APAC регионот (азиско-пацифички) и Латинска Америка, а агенцијата Essence беше задложена за дигиталниот оддел во регионот на EMEA.

Една година подоцна, GSK ја заврши ревизијата на агенциите и за останатите делови од своето маркетинг работење, во кое ангажираше девет агенции, вклучувајќи ги и Grey и Saatchi & Saatchi за огласување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365