Home » Во фокусот » Публицис склучи договор со Фејсбук вреден стотици милиони долари

Публицис склучи договор со Фејсбук вреден стотици милиони долари

Публицис груп, третиот најголем адвертајзинг холдинг во светот склучи повеќегодишно партнерство со Фејсбук, најголемата светска социјална мрежа, објавија вчера во заедничко соопштение двете компании.

Условите на договорот не се откриени, но изворите на AdAge велат дека станува збор за договор кој вклучува буџет од околу 500 милиони американски долари.

Laura Desmond, CEO на Starcom MediaVest Group која ги водеше преговорите со својата изјава потврди дека станува збор за повеќегодишен договор фокусиран на заедничко создавање на огласувачки продукти кои ќе ги користат податоците кои ги поседува Фејсбук, вклучувајќи ги и основните адвертајзинг услуги веќе достапни на Фејсбук и Инстаграм .

publicis-groupe-logo-300x278-marketing365

Договорот првично е планиран за во Северна Америка, но компаниите потврдија дека во наредниов период ќе преговараат за глобално продолжување на истиот.

Новите продукти би требало да бидат персонализирани адвертајзинг алатки, нешто слично по примерот на сработката помеѓу Фејсбук и Leo Burnett Чикако во 2011 кога беа креирани персонализирани “Question&Answer“ алатки на ФБ.

Се очекува дека овој договор (кој е најголем помеѓу адвертајзинг холдинг и социјална мрежа) ќе го олесни и зголеми глобалното користење и трошење од медиа мрежите на Публицис како Starcom MediaVest Group и Zenit Optimedia.

Агенциите и нивните клиенти, кои вклучуваат имиња како Procter & Gamble, Verizon,Walmart и Coca-Cola се претпоставува и дека ќе добијат бенефит во вид на привелегирани цени за Фејсбук услугите.

Договорот беше спреман околу 6 месеци и исто така вклучува и интеграција на Фејсбук податоците во медиа-микс платформата на Публицис, овозможувајќи им на Публицис подетално да следат повеќе податоци за перформансот на рекламите кои ги спроведуваат на мрежата.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365