По добивањето на „зелено светло“ од Долниот законодавен дом оваа недела, Холандија би можела да стане една од првите земји во светот што ќе го направи работењето од далечина законско право за своите граѓани.
Законската регулатива, која чека одобрување од холандскиот Сенат, ќе бара од сите работодавци во земјата да го земат предвид барањето на вработените да работат од дома доколку нивниот опсег на работа го дозволува тоа.
Ако новите законски одредби бидат изгласани, тогаш холандскиот пример наскоро би можеле да го следат и други земји во регионот, вклучувајќи ги Германија, Франција и Португалија. Воведувањето на ваков зекон е помалку веројатно да се случи во Обединетото Кралство, каде што работењето од далечина е веќе воспоставена и вообичаена практика без потреба од посебна регулатива.
Пандемијата покажа дека голем дел од работите може да се вршат од удобноста на домот, па затоа не е ни чудно што добар дел од граѓаните би ги прифатиле новите законски права со отворени раце.
Сепак, останува да се види дали сличен тренд ќе се прошири и во другите делови во светот, или пак ќе го следат примерот на компанијата за електрични возила Tesla која неодамна постави ултиматум до вработените да се вратат на своите работни места во канцеларија.