Во просторот презаситен со содржина поврзана со корона кризата, Represent Communications споделува знаење по мерка и го негува партнерскиот однос со клиентите.
Она што изминатиов месец ни’ се случува, не можеше да го предвиди ниту еден кризен тим, државен, корпорациски или агенциски. Едноставно не’ изненади колку на сите полиња одеднаш драстично може да ни се промени сето она што сме го земале здраво за готово. Како одговор на промените, Represent Communications Скопје изминативе две недели осмисли советодавни сесии за клиентите што се базираат на нивниот метод на работа кој подразбира партнерски однос.
„Во време кога сите сме соочени со оваа ситуација и никој не знае кога и како може да се случи криза, како интерно да комуницира со своите вработени или екстерно со добавувачи, клиенти, медиуми и др., и на кој начин да се справи со предизвиците наречени коронавирус, нашата агенција одлучи да ги отвори вратите за сите совети кои можеме искуствено да ги споделиме со компаниите. Сакаме да покажеме дека нашата работа се базира исклучиво на партнерски односи, а не на релација компанија-агенција, и сакаме да помогнеме таму каде што е потребна помош. Нашата девиза останува непроменета: „Еден за сите-сите за еден!”. Како и до сега, така и натаму – заедно, бидејќи меѓусебната поддршка и доверба се клучни во овие неизвесни денови. Како што обично љубам да кажам – луѓето во тешки моменти се познаваат. Ова е време за дела и солидарност” – вели Наташа Божиновска Миркова, Директор на Represent Communications Скопје.
Агенцијата која има децениско регионално искуство во доменот на едукација од областите: ПР, Дигитален маркетинг, Организација на настани итн. и ја поседува лиценцата за Лондонската школа за односи со јавноста избра поинаков пристап од сите останати. Во морето курсеви, тренинзи, обуки кои ја преплавија мрежата очекувано е да се запрашате што од тоа е квалитетно и вреди ли да го инвестирам своето време? Одговорот го дава Јелена Микиќ, Регионална директорка за развој во Represent Communications.
„Сведоци сме дека постојат навистина голем број на бесплатни тренинзи, курсеви, семинари, од кои некои се навистина одлични, како оние кои ги „отклучија” Ivy League или Content Marketing Institute. Од друга страна, неминовно дојде и до поплава од нови онлајн формати, каде квалитетот е навистина сомнителен. Фактот дека сме присилени да седиме дома, да сме врзани за интернет, не значи дека треба да го жртвуваме квалитетниот процес на учење. Ние во Represent многу прецизно и јасно ги одвоивме нештата: дефиниравме нов производ кој ќе го понудиме бесплатно, а се однесува на мошне актуелното прашање „Содржина во време на Корона”. Исто така, наскоро ќе излеземе на пазарот со потполно нов регионален видео-формат, кој ќе биде достапен за сите. Што значи дека ние не ги „отклучивме” нашите постоечки програми, туку смисливме нови кои ги подаруваме на пазарот, затоа што токму тоа го сметаме за наш придонес во овие неизвесни времиња, да сме тука и овде на темата која е потребна. Најголемата предност во овие програми е тоа што во моменталната ситуација даваат директни и практични одговори на прашањата на компаниите: како да управуваат со сопствените комуникациски канали.
Од друга страна, постоечките програми како LSPR и останатите тренинзи ќе продолжат и натаму, секако со извесни промени: со прилагодени цени и формати на новонастанатата ситуација. Важно е да се напомене дека зад сите овие програми и понатаму стојат знаењето и искуството на нашите предавачи, кое е подеднакво релевантно и актуелно, без разлика дали е форматот онлајн или офлајн.“