Мобилната мрежа Mint Mobile објави нова реклама во која го гледаме Рајан Рејнолдс како чита сценарио составени од ChatGPT – генеративна алатка базирана на вештачка интелигенција која веќе некое време предизвикува брановување низ светот. Резултатите, според зборовите на Рејнолдс, се „благо застрашувачки, но привлечни“.
Програмата ChatGPT користи „процесирање на природен јазик“ за да генерира дијалог заснован на текст, симулирајќи човечки разговор. Алатката се наметнува како потенцијално револуционерна која би можела да промени широк спектар на задачи засновани на разговор и текст.
Лансирана кон крајот на ноември од OpenAI, многу маркетери веќе возбудено зборуваат за тоа како новата технологија би можела да го трансформира нивното професионално поле и да им ја олесни работата. Други се загрижени дека тоа би можело да одземе дел од креативноста карактеристична за индустрија.
Како што објаснува Рејнолдс во новата реклама за Mint Mobile, која што беше објавена на официјалните социјални профили на брендот, тој ѝ ги дал на програмата следните инструкции:
„Напиши реклама за Mint Mobile во гласот на Рајан Рејнолдс. Искористи шега, пцовка и извести ги луѓето дека празничната промоција на Mint сè уште трае, дури и откако големите безжични компании веќе ја завршиле нивната“.
Слушнете го резултатот во продолжение:
You knew it was just a matter of time until we did this (extend the @MintMobile savings with @OpenAI, that is). pic.twitter.com/uf2jblpG2j
— Ryan Reynolds (@VancityReynolds) January 10, 2023