Порталот Маркетинг мрежа на 29 и 30 октомври во Madlenianum Opera&Theatre го организира петтиот по ред, јубилеен фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS 2019. Под слоганот „Make room for a new BLOOM“, оваа година акцентот на фестивалот е на талентите, но и на иновациите, затоа што различниот пристап во адвертајзинг индустријата отвора нови агли и раѓа нови идеи.
Како и минатата година, KAKTUS 2019 на учесниците ќе им понуди квалитетна и разновидна програма од различни области на интегрирани комуникации, а Белград ќе биде домаќин на врвни експерти од целиот свет во текот на двата дена на фестивалот. Исто така оваа година, фестивалот ќе се состои од Ден на иновации и Ден на таленти.
Покрај вообичаената квалитетна програма, во рамките на вториот ден од KAKTUS 2019 – Ден на таленти, Marketing mreža, во соработка со компанијата Мастеркард, за прв пат годинава ќе организира и натпревар за млади таленти.
На натпреварот можат да се пријават млади професионалци од креативни, ПР, дигитални и медиски агенции во Србија, на возраст до 32 години.
Оваа година, младите таленти ќе ја покажат својата креативност и иновативност во категоријата Креативна употреба на медиуми, односно ќе имаат задача да одговорат на бриф преку три канали на комуникација по избор (традиционални или онлајн).
Целта на овој натпревар е да ги стимулира и мотивира младите во креативната индустрија, но и да и` укаже на стручната јавност за нивните потенцијали, таленти и креативност. Покрај тоа, ова натпреварување е од хуманитарна природа, а проектите и идеите што ќе се создадат во рамките на натпреварот, ќе бидат донирани на социјално претпријатие или здружение на чиј бриф учесниците ќе имаат задача да одговорат.
Жирито за KAKTUS Talents Award се состои од 12 истакнати професионалци од компании, креативни, ПР и дигитални агенции во Србија, како и еден таен член – претставник на социјално претпријатие или здружение. Оваа година, жирито на чело со Иван Козлчиќ, маректинг директор за Балканот на компанијата Мастеркард, ќе работи во состав: – Бојан Бабиќ, Creative Director, Executive Group; Бранка Пудрља Дурбаба, Senior Market Director, Vip Mobile; Вања Вагиќ, Corporate Affairs Manager, Mars Multisales Baltics Balkan Adriatic; Јасмина Стојанов, Managing Director, Nova Communications; Лилјана Радосављевиќ, менаџер за корпоративни политили и комуникации, PepsiCo West Balkans; Марина Гриховиќ, Managing Director, Headline & Dkit; Небојша Кривокуќа, Creative Director, Communis DDB; Оливера Никодиевиќ, Brands and Consumer Excellence Director SRB & MNE, Алпатинска пивара; Сања Лалевиќ, Facebook Lead Serbia, HTTPOOL; Светлана Чопиќ, Creative Director, Block&Roll и Тамара Јокановиќ, Managing Director, Represent Communications.
„Иновациите отсекогаш биле во сржта на работењето на компанијата Мастеркард, а многубројните глобални програми за поттикнување насочени кон младите и создавањето нови лидери на иднината се она на што сме многу горди. Задоволни сме што остваривме соработка со фестивалот KAKTUS, кој има за цел да ги препознае и награди младите таленти во српската креативна индустрија. Овие млади луѓе ќе бидат двигатели на развојот кај нас и ќе создадат непроценливи искуства за наредните генерации. Ова е една од причините зошто континуирано ја промовираме потрагата по нови таленти и иновативни идеи. Веруваме дека Денот на талентите е можност за младите креативци да ги искажат своите страсти и способности за развој на сосема нов начин за ангажирање на младите луѓе во проекти кои се значајни за целата заедница во која живееме“, рече Ивана Козличиќ, директор за маркетинг за Балканот во компанијата Мастеркард.
Пријавувањето на тимовите за натпреварување е отворено до 20 септември на сајтот https://kaktus.rs/dan-talenata/ и потполно е бесплатно.
Конкурсот за 5-тото национално доделување на годишните награди KAKTUS 2019 во Србија е отворен до 20 септември. Наградите се доделуваат во 23 категории, a ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетните и најпрофесионални поединечни и интегрирани кампањи во изминатата година. Главните награди на фестивалот се, како и досега, Агенција на годината, Огласувач на годината и Интегрирана кампања на годината – Гранд При. Како и претходните години, KAKTUS 2019 ги слави само оние идеи кои излегуваат од границите на очигледното кои, и покрај тешките услови, инспирираат и произведуваат најефикасна комуникација со целните групи.