Најголемиот сервис за достава до дома во Индија, Swiggy, неодамна го лансираше својот нов премиум претплатнички сервис Swiggy One.
По тој повод, компанијата лансираше две нови видео-реклами во ги пренесува реакциите на една мачка и едно куче во однос на сервисот за достава, кој им овозможува на нивните сопственици скоро и да не го напуштаат домот.
Имено, мачката е разочарана дека откако сервисот бил лансиран, нејзината сопственичка скоро и да не излегува од дома за своите намирници и други консумеристички потреби, па мачката нема доволно време „за себе“ – односно легачење во самотија. Но, и не е сé така страшно кога добива чешкање по стомакот.
Од друга страна пак, кучето е пресреќно што неговиот сопственик е сé повеќе дома, па има со кого да си игра, дружи, јаде и воопшто споделува своето време.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Lowe Lintas Bangalore.