Фотографскиот бренд Kodak лансираше нова кампања за латвискиот пазар, насловена “Beautification” („Разубавување“).
Во центарот на кампањата се наоѓа краток уметнички филм т.е. „визуелен есеј“, кој ја раскажува приказната за една млада анонимна фотографка. Спотот ја претставува нејзината филозофија, но и сета работа која е потребно да се вложи во подготовката и реализацијата на добрата уметничка фотографија.
„Секој објект постои два пати – еднаш како самиот себе и уште еднаш како претстава на себе“ – се посочува во заглавието на филмот, отворајќи важна семиолошка и филозофска тема за начинот на кој го перцепираме светот околу себе.
Филмот е создаден и режиран од страна на латвискиот режисер Рејнис Спајле од Рига.