На крајот на месец март, 2023, во инспиративната околина на термалните бањи „Св. Мартин“ (Хрватска) се одржа традиционалната развојна конференција – DevConf 2023 на Валикон Груп, една од најголемите компании во областа на маркетинг истражувањата во регионот. За два дена, повеќе од 60 вработени од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија презентираа 32 презентации кои се однесуваат на иновативни решенија и проекти од областа на маркетинг истражувањата, вклучително и употребата на вештачка интелигенција во истражувањата, која интелегенција во моментов ги разбира сите јазици од Јадранскиот регион.
На конференцијата, големо внимание привлече стандардниот модел NPS, овој пат надограден и именуван како NPS 2.0 кој е незаменлив кога станува збор за следење на искуството на корисниците во секторот услуги. Заради новите карактеристики, како што се автоматско кодирање на отворените одговори и можноста за поставување дополнителни прашања на корисниците во реално време, моделот NPS 2.0 веќе ни овозможува да ги прашаме корисниците за конкретни причини околу нивното (не)задоволство, врз основа на нивниот првичен одговор. NPS 2.0, кој лесно се интегрира во IT системот на секоја компанија, е и првиот производ од интерес на пошироката деловна јавност, а истиот ќе биде претставен и во целиот Јадрански регион.
Следеа презентации кои се однесуваат на системот за следење на брендови но и решенија за развој на идентитетот на брендовите, што со помош на архетипови и методот Lego Serious Play ни овозможуваат да го воспоставиме целосниот идентитет на брендовите за краток период односно за една седмица.
Одличен впечаток на присутните им остави претставувањето на ефектите од методот NEURO, метод кој ги надгради решенијата за евалуација на реклами кои решенија со помош на научни невролошки анализи и релевантни технологии, нудат уникатен увид во несвесните реакции на потрошувачите. Беше претставена и новата информативна база на податоци AllShopper која континуирано ги следи потрошувачите и нивното однесување во продавниците и супермаркетите.
Ова се само мал дел од новите маркетинг решенија кои беа преставени на развојната регионална конференција на Валикон, кои постојано ги надградуваме со цел да станеме водечки извор на маркетинг информации и алатки во регионот, што останува наша визија за иднината.