Минатата недела, ретко прво издание од Marvel Comics било продадено на аукција за високи 2.4 милиони долари.
Се работи за стрип од 68 страници, прв пат објавен во октомври 1939 година, во кој се нацртани јунаците Human Torch и The Submariner, долго пред Стен Ли да ги создаде иконичните Spider-Man, Avengers, Fantastic Four и X-Men.
Изданието било испечатено во 80.000 копии во првиот месец и во дополнителни 800.000 копии во месецот после него поради големата популарност и побарувачка.
Меѓутоа, примерокот продаден на аукцијата претставува специјална колекторска верзија со дополнителни забелешки и нарација од издавачите, која била продавана по повисока цена со цел исплаќање на уметниците кои работеле на стрипот.
Примерокот бил во одлично сочувана состојба, добивајќи оценка од 9.2 од сертифицирана компанија за гаранции.
Интересно се да се посочи дека уметникот кој ја нацртал насловната страница, Френк Р. Пол, тогаш бил платен само 25 долари, што е еднакво на околу 510 долари во денешно време.