Регионот на Бароса во Јужна Австралија имаше најдобар промотивен туристички спот на светот за годинава што изминува.
Овој краток спот за долината Бароса, во кој е користена музика од Ник Кејв, деновиве е прогласен за најдобар на „Фестивалот на фестивалите“ во Виена на кој се натпреваруваат само туристички филмови и реклами.
Рекламата “Be Consumed” е дело на маркетинг агенцијата KWP и според министерот за туризам на Јужна Австралија, Леон Бајнел исклучително придонесува за развој на туризмот во овој регион.
Оние кои на фестивалот во Виена ја погледнале рекламата имале впечаток дека можат да го почувствуваат мирисот и вкусот на Бароса, и покрај тоа што се на другиот крај на светот.
Извор: Лидер