Home » Во фокусот » Регионот Бароса со најдобар туристички промотивен спот

Регионот Бароса со најдобар туристички промотивен спот

Регионот на Бароса во Јужна Австралија имаше најдобар промотивен туристички спот на светот за годинава што изминува.

Овој краток спот за долината Бароса, во кој е користена музика од Ник Кејв, деновиве е прогласен за најдобар на „Фестивалот на фестивалите“ во Виена на кој се натпреваруваат само туристички филмови и реклами.

Рекламата “Be Consumed” е дело на маркетинг агенцијата KWP и според министерот за туризам на Јужна Австралија, Леон Бајнел исклучително придонесува за развој на туризмот во овој регион.

Оние кои на фестивалот во Виена ја погледнале рекламата имале впечаток дека можат да го почувствуваат мирисот и вкусот на Бароса, и покрај тоа што се на другиот крај на светот.

Извор: Лидер

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365