Home » Во фокусот » Реклама за PlayStation каква што досега немате видено

Реклама за PlayStation каква што досега немате видено

Фановите на Playstation со помош на интерактивна алатка може да направат сопствено ремек-дело.

Иако постои голема кулуролошка и временска разлика помеѓу 19 и 21 век, креативната њујоршка агенција BBH на еден многу интересен начин ги обединува минатото и иднината, пишува Adweek.com.

Како што јунаците од минатото се се’ уште  живи благодарение на маслото на платно, зачетниците на идејата се одлучиле да го направат истото и со актуелните PlayStation јунаци, меѓутоа прилагодено на денешното време.

Агенцијата за интерактивната кампања и рекламата ја одбрала сликата на Емануел Лојце од 1851 “Washington Crossing the Delaware”, а задачата на шведскиот уметник Андреас Енглунд беше да ја прилагоди сликата, или поточно кажано, да ги отстрани вистинските ликови така што корисниците би можеле место нив да го постават своите омилени PlayStation јунаци.

Така, денес, фановите на PlayStation можат да ја посетат GreatnessAwaits.com и со помош на интеркативната алатка да направат сопствено ремек-дело, бирајќи ги своите ликови, но и позадина, музика и слично.

За оние кои сакаат да се најдат во друштвото на омилени PlayStation јунаци, постои опција за поставување на лична фотографија, а откако ќе ја зафршите сликата и ќе и’ додадете рамка, можете да ја поставите на гласање, да ја споделите со пријателите на социјалните мрежи или да ја зачувате на својот компјутер.

Секој корисник чија слика според гласовите ќе биде во топ 50 како награда ќе добие печатена верзија на своето “ремек-дело”, а за влез во топ 10, нова PlayStation конзола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365