Светот денеска го изгуби еден од најгенијалните светски умови, британскиот физичар Стивен Хокинг, кој почина на свои 76 години. Случајноста сакаше тој да си замине од овој свет на денот кога е посветен бројот Пи (3.14) и на истиот ден кога во 1897 се родил Алберт Ајнштајн.
Хокинг се смета за еден од најголемите научници и секако најпознатиот теоретски физичар кој во голема мера придонесе за разбирање на црните дупки и космологија.
Во нашиот адвертајзинг свет ќе биде запаметен и по улогата во рекламата на Јагуар пред речиси две години, како и евергин рекламите во кои неговиот глас ја води нарацијата “Physicist” од 1999 и “Keep Talking“ од 1993:
Specsavers Commercial – ‘Physicist’ Featuring Stephen Hawking from Assorted Nuts on Vimeo.
Исклучително популарно дело е и принт огласот на агенцијата Ogilvy за TED кој можете да го видите подолу:
Научникот, во бизнис светот, исто така ќе остане запаметен и по неколкуте славни цитати како:
„Следниот пат кога некој ќе ви каже дека сте направиле грешка, кажете си дека можеби тоа е добро. Бидејќи без несовршенство немало да постоиме ни јас, ни ти.“
„Обидете се да го сфатите она што го гледате и чудете се за работите кои прават да постои универзумот. Бидете љубопитни, и без разлика колку тежок изгледа животот, секогаш постои нешто што можете да го направите, нешто во коешто можете да успеете. Важно е само да не се откажувате.“
„Како прво, не заборавајте да гледате нагоре кон ѕвездите, а не во вашите нозе. Второ, никогаш не се откажувајте од работата. Таа ви дава значење и цел, а животот е празен без нив. Трето, ако сте доволно среќни да пронајдете љубов, запомнете дека е таму и немојте да ја фрлите.“
„Сум забележал дека дури и луѓето кои мислат дека сè е предодредено и дека ништо не може да се случи за да се промени тоа,погледнуваат околу себе кога преминуваат улица.“
„Не треба да се лутите кога ќе запрете на некој проблем. Она што треба да направите е да продолжите со мислите за проблемот додека работите на нешто друго, додека не го најдете вистинското решение.“
„Тивките луѓе го имаат најгласниот ум.“