Home » Во фокусот » Рекламите финансирани од тутунските производители „корегирани“ од една непрофитна организација во САД

Рекламите финансирани од тутунските производители „корегирани“ од една непрофитна организација во САД

Оваа непрофитна организација посветена на борбата против пушењето направи исправка на „коректните реклами“ додавајќи малку дополнителна вистина во нив

Организацијата Minnesotans for a Smoke-Free Generation (MSFG), во соработка со агенцијата Habermann, започна кампања со видозаписи на социјалните мрежи и посебна веб страница bigtobaccolied.com, со цел да ги “исправи пропустите“ во рекламите против пушењето, кои ќе бидат дистрибуирани во текот на целата година од страна на тутунските компании во САД.

Неколку експерти од индустријата тврдат дека компаниите дизајнирале свои „коректни реклами“, во кои ги објаснуваат ризиците од пушењето, на начин што тие би останале незабележливи.  Заради тоа, оваа непрофитна организација од Минесота започна да ги “корегира“.

Големите тутунски производители со години се бореа за да го избегнат користењето на одредени фрази кои би ја објасниле длабочината на нивните лаги,“ изјави Емали Вихман, креативен директор на агенцијата Haberman. „Затоа ги исправивме коректните реклами на овие компании.“

И додека рекламите на големите тутунски компании периодично ќе се појавуваат на ТВ и националните весници до ноември 2018 година, од MSFG изјавија дека ќе продолжат да дистрибуираат сопствена верзија на рекламите до пролетта 2019 година, одобено на социјалните медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365