На регионалното натпреварување Sempler за најдобри медиски стратегии на годината, пријавени се дури 89 проекти од четири држави
На 19 конференција за медиски трендови SEMPL, која ќе се одржи на 23 и 24 ноември 2017 година во Порторож, Словенија, најдобрите медиски стратегии на годината и овај пат ќе ги освојат наградите Sempler, дури единаесет златни награди и најголемата награда, Големиот Sempler. „Задоволни сме што натпреварувањето за наградите Sempler во регионот доживеа толкав одзив. Добивме рекордни 89 пријави од Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Не` радува и големиот број на пријави во двете нови категории – најдобра ПР стратегија или промоција и најдобар технолошки пристап“, изјави Валерија Преволшек, претседател на SEMPL и директор на Media Pool.
Креативните и медиските агенции, медиските стратези, огласувачите и медиумите од јадранскиот регион, пријавиле најмногу проекти во категориите иновативна употреба на комуникациски канал и најдобро таргетирана акција (двете со по 14 пријавени проекти), следат категориите за најдобра акција на социјалните мрежи (12 пријави) и овогодишната нова категорија за најдобра ПР стратегија или промоција, со 10 пријавени проекти.
За наградите Sempler со најмногу проекти се натпреваруваат рекламната агенција Grey Љубљана со единаесет пријави, а агенцијата New Moment, New Ideas Company од Белград и словенската Futura DDB пријавиле по седум проекти.
За најдобрите медиски проекти во јадранскиот регион, ќе одлучува деветчлено жири кое е составено од угледни професионалци од регионот кои доаѓаат од агенциите и од редовите на нивните клиенти. На претседателот на жирито, Дарко Иванчевиќ, глобален потпретседател на брендот Старопрамен во Molson Coors, во оценувањето ќе му се придружат: Александра Дилевска, извршен директор на рекламната агенција PublicisOne и оперативен директор за јадранскиот регион, Марија Матиќ, директор за медиско планирање во српската медиска агенција Direct Media, Дамјан Планинц, директор и основач на дигиталната медиска агенција Get Interactive, Викторија Радојевиќ, извршен директор за маркетинг и развој во Mercator, Хвроје Реин, маркетинг директор во L’Oreal Србија, Жарко Сакан, директор на рекламната агенција New Moment, Тамара Слапар, директор на медиската агенција Medialog и Даниел Вуковиќ, главен креативен директор во рекламната агенција McCann Загреб.
Победниците ќе бидат прогласени на свеченото доделување кое ќе се одржи во четврток, на 24 ноември 2017 година, во хотелот GH Bernardin во Порторож.