Овогодинешното издание на натпреварот BAPRA Bright Awards, чија цел е да ги препознае најдобрите комуникациски практики во Бугарија, забележа рекорден број апликации од ПР, креативни и дигитални агенции, компании, медиуми и владини институции.
Над 200 проекти ќе се натпреваруваат на Bright Awards, кои што традиционално ги организира Бугарската асоцијација на ПР агенции (БАПРА).
Тие ќе бидат оценувани од целосно меѓународно жири. Најмногу пријавени проекти има во категориите „Комуникација до крајните корисници“, „Специјален настан или лансирање“ и „Иницијатива за создавање ангажман – внатрешна или надворешна публика“.
Церемонијата на доделување награди ќе се одржи на 27 март. Пред тоа ќе се одржи ПР собир, исто така во организација на БАПРА, на кој предавања и дискусии ќе одржат меѓународни професионалци и членови на жирито.