Home » Во фокусот » Rekovinst вели: Здраво Македонија!

Rekovinst вели: Здраво Македонија!

Шведската апликација која во еден потег ги освои скандинавските земји на својот официјален facebook профил објави фотографија од своето лого, дел од македонското знаме и насловот кој дефинитивно го најавува нивниот влез на македонскиот пазар.

Затоа ние како добри домаќини им велиме: Здраво Rekovinst!

Веќе подолго време сопственичкиот тим на Rekovinst ја скенира Македонија, Србија, Хрватска и уште неколку земји од Југоисточна Европа за проширување на својот пазар, а очигледно Македонија е првата дестинација од каде ќе ја пласираат својата апликација во регионот.

Rekovinst mk

Што е Rekovinst?

Земете го вашиот смартфон, инсталирајте ја апликацијата, натпреварувајте се и освоите награда. Доволно едноставно и забавно. Мотото на Rekovinst (http://rekovinst.se/) е: „Нашата идеја е да делиме“, а со оваа апликација во годинава која што поминува поделени се илјадници насмевки на деца болни од рак. Тоа е и хуманата страна на Rekovinst, што во било која земја да работат, голем дел од приходите одат во невладините и хуманитарните организации и кај оние на кои им е потребна помош.

Marketing365 стапи во контакт со директорот на Rekovinst, господинот Горан Змејкоски кој истакна дека се среќни со својата одлука наскоро да започнат со работа и во Југоисточна Европа, а особено се горди со одлуката Македонија да е прва земја надвор од скандинавските граници која ќе ја има оваа хит апликација.

Свесни сме за промените и разликите помеѓу пазарот во Македонија и скандинавските земји, но тоа е уште еден предизвик за нас, моментално се формира тимот кој ќе биде задолжен за работа во Македонија, со што и вработуваме луѓе од нашата земја, така си помагаме меѓусебно за да можеме и меѓусебно да се радуваме на успесите. Верувам дека Македонија има пазар за оваа апликација и верувам дека во Македонија како фирма можеме да поставиме современи текови на управување и менаџирање како и во скандинавските земји.“- истакна г-дин Змејкоски.

Информации околу апликацијата може да следите секојдневно и на нивната фан страна за македонскиот пазар и секако се надеваме дека наскоро со насмевка ќе ја користиме апликацијата која дели среќа меѓу луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365