Почитувани читатели на Маркетинг365, среќни сме што можеме да Ве информираме дека тимот на Маркетинг365 започна со нов проект на нашата платформа, наречен #РесурсенЦентар, каде ќе се обидеме да дадеме поголем придонес во развојот на нашата индустрија преку неколку ресурсни сегменти: истражувања, обуки и работилници и онлајн предавања.
Прв сегмент кој го активираме од овој проект се обуки и работилници од комуникациските професионалци наменети за комуникациските професионалци.
Ова е проект во кој нема да имаме компромиси за тоа кои ќе бидат предавачи – сакаме да ги обезбедиме најдобрите професионалци во својата област – да не обучуваат сите нас да станеме подобри во определен сегмент од нашата секојдневна работа.
Да издвоиме неколку часа од секојдневното „трчање“ кои ќе ги посветиме на себе-унапредување, ново знаење и активно размислување и тренинг за тоа што впрочем нам ни е и дневен професионален предизвик.
Идејата е да си помагаме меѓу нас како професионалци и да ги зајакнеме капацитетите на нашите компании, агенции, институции и организации така што секој што е тесно специјализиран за некоја област ќе може своето знаење да го сподели со колегите од индустријата. Вратата ќе биде отворена за сите кои ќе сакаат да пренесат знаење и сметаат дека за определена тема можат да пренесат добро сублимирано искуство.
Нашата прва обука е со колегата Гоце Пачемски од Имиџ ПР кој ќе ни сподели повеќе на темата „Односи со јавност (ПР) за време на кризи.“
Вие имате можност да се пријавите меѓу првите и да си обезбедите место уште сега. Деталите за обуката се на ОВОЈ ЛИНК а резервацијата на котизација може да ја направите преку е-маил на: contact@marketing365.mk
Добредојдени се сите Ваши предлози и сугестии. Очекуваме да го подржите овој наш проект и како слушатели и како предавачи!
За летните месеци спремаме уште еден супер-интересен проект со супер вредни партнери и соработници, каде преку видео содржини и низ забавен концепт ќе ги обработуваме најновите реклами, кампањи и други случувања поврзани со маркетинг индустријата. Очекувајте повеќе околу ова во наредниот период. Убав викенд Ви посакуваме!