Home » Во фокусот » Резервирајте време за дизајн мајсторите на социјалниот и културниот постер на 8-от Скопје постер фестивал

Резервирајте време за дизајн мајсторите на социјалниот и културниот постер на 8-от Скопје постер фестивал

Од 30-ти до 05-ти декември во Скопје ќе гостуваат познати графички дизајнери од повеќе земји од светот во склоп на 8-то издание на Скопје постер фестивалот.

Скопје постер фестивалот ќе се потруди да понуди визуелни уживања – изложби на постери, предавања на неколку имиња од светската дизајн сцена и секако добра забава и дружење.

На 30ти декември со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата на постери од 8. Скопје постер меѓународен студентски конкурс на тема „Сите за луѓето со хендикеп“. Неа ќе ја придружуваат изложбата на дела од победниците од минатогодишниот конкурс, како и детски цртежи од септемвриската работилница кои беа изработени под менторство на перспективниот млад дизајнер од Полска – Јан Бајтлик.

Како дел од придружната програма, наредниот ден, на 01 декември, публиката ќе може да ги посети предавањата на членовите на жирито. Предавањата ќе опфатат теми како проекти од културен карактер, социјален плакат, но и комерцијални проекти кои се дел од портфолијата на жири-членовите, a исто така и презентација за тоа како се развиваат дизајн проекти од идеја до реализација и презентација на тема „Руски дизајн“. Бројот на места за предавањата е ограничен. Резервирајте на http://skopjeposter.com/mk/nastani/

Новата атрактивна содржина на Скопје постер фестивалот е изложба на најзначајните и меѓународно признаените дела на членовите на жирито. Изборот на дела од Грамлиш, Џуровски, Поч, Банков и Трокслер ќе бидат изложени за времетраењето на Скопје постер фестивалот како издвоена специјална програмска активност, која од оваа година ќе стане стандардна во понудата за уживање.

Членовите на жирито на 02 декември ве покануваат и на заедничко неформално дружење кое може да го искористите како можност за преглед на портфолиа, дискусиjа или едноставно кафе-муабет.

Изложбите ќе може да се погледнат од 30 декември односно 01 декември до 05 декември.

Сите активности во рамки на програмата на 8. Скопје постер фестивал:  http://skopjeposter.com/mk/rezervirajte-termin-za-8-skopje-poster/

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365