Home » Во фокусот » Ридли Скот се враќа во маркетинг светот со епска реклама која потсеќа на неговите научно-фантастични ремек дела

Ридли Скот се враќа во маркетинг светот со епска реклама која потсеќа на неговите научно-фантастични ремек дела

Со оваа кампања, брендот Хенеси за прв пат ќе се претстави на доделувањето на Оскарите со ликови кои апсолутно му доликуваат на самиот настан

Еден од најголемите производители на коњак во светот, брендот Хенеси ја креираше својата прва реклама за доделувањето на Оскарите, а тоа го стори со помош на познатиот пионер на филмската индустрија, сер Ридли Скот.

Брендот ќе го промовира својот коњак Хенеси X.O. (каде X.O. означува Extra Old – пијалоци кои “зрееле” повеќе од 40 години), а резултатот е епски филм од четири минути наречен “Седум светови”, во кој познатиот режисер ја покажа својата вештина во создавањето на научно – фантастична одисеја.

Спотот ги води гледачите низ седум ноти на коњакот X.O., од кои секоја е претставена со импресивни визуализации и специјални ефекти. Спотот дава многу јасна референца на самите Оскари, во вид на колосални фигури кои потсетуваат на престижните статуетки на Академијата.

За време на доделувањето на Оскарите ќе биде прикажана едноминутната верзија на видеото, но секако мора да ја погледнете четириминутната верзија, за целосно доживување на величественоста на оваа реклама.

Агенцијата која ја креирашее оваа впечатлива визуелна одисеја е DDB Paris.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365