Робин Фенти, или попозната како Ријана, официјално стана милијардерка. Според Forbes, нејзиното богатство моментално се проценува на 1.7 милијарди долари.
Со тоа, Ријана е најбогатата женска музичарка во светот, односно втора најбогата жена во забавната индустрија, веднаш зад Опра Винфри.
Иако таа се занимава во музика повеќе од една деценија, нејзиното богатство главно доаѓа од компанијата за козметички производи Fenty Beauty, во која Ријана е сопственик на 50% од акциите. Вредноста на компанијата се проценува на 1.4 милијарди долари.
Ријана исто така добива значителен приход од нејзиниот бренд на долна облека, Savage X Fenty, проценет на 270 милиони долари.
Покрај нејзините успешни бизнис приказни, Ријана низ годините се соочила и со некои понеуспешни, каков што беше нејзиниот обид за луксузен моден бренд под името Fenty.
Меѓутоа, сé на сé, нејзиното деловно работење може да се означи како доста успешно, па така сосем заслужено се наоѓа на листата на милијардери.