Брендот на производи за домашни миленици Purina, дел од Nestle, лансираше нова кампања за европскиот пазар во која главна ѕвезда е поп-пејачот Роби Вилијамс.
Во централниот спот на кампањата сме сведоци на дует помеѓу Вилијамс и маскотата на брендот, анимираниот мачор Феликс, кои ја изведуваат песната „It’s Great to Be a Cat“ („Одлично е да се биде мачка/мачор“).
„Мачката е надвор од торбата, јас сум новиот глас на Феликс. Јас сум долгогодишен обожавател на мачки, имав многу мачкешки пријатели низ годините и откако го проучував нивното фасцинантно однесување, можам со сигурност да кажам: Одлично е да се биде мачка“ – изјави Роби Вилијамс по повод неговото учество во новата кампања на Purina.
Според брендот, кампањата е вистинска прослава на она што го претставува мачорот Феликс – забавно, немирно, интересно и вистински одраз на тоа колку се мачките одлични. Од Purina веруваат дека кампањата ќе продолжи да го издигнува брендот пред постоечката, но и нова публика, опишувајќи го партнерството со Роби Вилијамс како идеално.
Кампањата се реализира со помош на огласувачката агенција AFG.