Софија, мултиталентиран робот кој може да зборува, да се шегува, да пее, па дури и да создава уметнички дела, предизвика бура во светот на уметноста кога дигиталното дело што го создаде беше продадено на аукција за 688.888 долари во форма на таканаречен незаменлив токен (NFT).
Продажбата укажува на зголемен недостаток на контрола на NFT пазарот, каде што луѓето можат да купуваат сопственички права на дигитална содржина.
Секој NFT има единствен дигитален код кој им овозможува на секој да ја потврди автентичноста и сопственоста на нештата.
Софија е најпознатиот робот, креација на компанијата Хансон Роботикс и може да имитира изрази на лицето, да води разговори и да препознава луѓе.
Во 2017 година доби државјанство на Саудиска Арабија и стана првиот граѓанин меѓу роботите.
Соработуваше со италијанскиот сликар Андреа Бонасет, а подоцна започна и сама да прави дигитални уметнички дела.
Дигиталното дело, кое беше продадено за 688.888 долари, е всушност видео клип од 12 секунди што го прикажува портретот на Бонасет како еволуира во дигитална слика.
Софија ќе продолжи да слика, а следниот чекор во нејзината кариера би можел да се направи во светот на музиката. Таа работи на создавање на неколку музички дела во проектот наречен „Софија Поп“, каде соработува со музичари на пишување музика и текстови.